Овој вебсајт беше подготвен во рамките на проектот „Споменици и бруталистичка архитектура во Северна Македонија: Поттикнување на туристичката промоција за поддршка на локалниот развој“ имплементиран од страна на Институтот за стратешки истражувања и едукација (ИСИЕ) од Скопје. Главната цел на проектот е да се поттикне локалниот развој преку мапирање на локации и развој на нова и автентична тура која домашните и странските туристи ќе можат да ги искусат преку користење на нови иновативни алатки за туристичка промоција.

Проектот „Споменици и бруталистичка архитектура во Северна Македонија: Поттикнување на туристичката промоција за поддршка на локалниот развој“ беше финансиран од грант на Проектот за развој и промоција на туризмот на Регионалниот совет за соработка (РСС). Проектот на РСС е финансиран од страна на Европската Унија и е имплементиран во обид да се придонесе за растот и конкуренцијата на шест економии од Западниот Балкан преку поддршка за развој и промоција на заедничката регионална, културна и алтернативна понуда.